Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 271 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатото деноноќие во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 794 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 43 болни, а во Куманово 96 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 99 во ковид-центарот во Гостивар 73, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани – 17 во Кичево – 13, Кавадарци – 53, во Гевгелија – 13 лица, а во Дебар седум позитивни и сомнителни на коронавирусот.
„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“,
велат од Министерството за здравство.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.