Според податоците од последното деноноќие, во ковид-центрите низ земјава се лекуваат вкупно 583 лица, а слободни се 520 болнички кревети.
Како што информира Министерството за здравство, во болницата во Битола во последните 24 часа се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 19 во ковид-центарот во Гостивар 18, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани 6, во Кичево 8, Кавадарци 25, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и сомнителни на корона вирусот.
„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 583 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“,
информираат од Министерството.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.