Во Кина во изминатите 24 часа пријавени се 45 новозаразени случани со коронавирус, тоа е за девет помалку од претходниот ден.
Според информациите на Националната здравствена комисија, во Кина вчера се регистрирани пет смртни случаи, сите во Вухан, каде во декември изби епидемијата.
Но, во Вухан во изминатите десет дена пријавен е само еден пациент заразен со новиот коронавирус. Сите новозаразени се од странство.
Во изминатите седум дена Кина пријави 313 „увезени случаи“ и само шест пациенти, кај кои е потврдено дека дошло до локална трансмисија,
Во континенталниот дел на Кина вкупно починаа 3.300 луѓе, додека 81.493 се инфицирани.