Во светот од почетокот на ширење на новиот коронавирус регистрирани се 220 000 заразени, додека 8 987 луѓе починале, покажуваат најновите податоци на Светска здравствена организација (СЗО).
Во Кина регистрирани се 34 нови заразени лица, кои се вратиле од странство, а не е забележена локална трансмисија на ковид-19. Вкупно во Кина регистрирани се 80 928 пациенти, од кои 3 245 починаа, а 70 420 се излекувани.
По Кина, најпогодена земја е Италија, каде што бројот на инфицирани за 24 часа се зголеми за 4 207 нови случаи. Според СЗО, во Италија регистрирани се 35 713 заразени лица, од кои 2 978 починаа.
Француските власти пријавија 89 смртни случаи од вкупно 264 заразени луѓе.