Министерството за здравство денеска соопшти дека денеска се регистрирани 62 нови случаи на заболени со ковид -19. Од нив најмногу се во Скопје -24.
Најмногу од новозаразените се во опшптината Чаир-11, по што следуваат Бутел со 6, Сарај, Карпош, Аеродром со по два случаи и еден во Гази Баба.
Од остататите општини во земјава, голем број случаи има во Штип-14 и во Тетово 12, кои и министерот за здравство Венко Филипче ги спомена како места каде многу малку или воопшто не се почитуваат мерките за заштита.
Во Штип како проблем се појави една текстилна конфекција, каде има најмалку 20 заболени, над 150 лица се во изолација.
Од денешните 14 новозаразени во Штип и Карбинци има две деца, на возраст од една и три години.
Според епидемиолозите, во тек е анкетата за да се утврди дали децата се поврзани со овој кластер, или со друг. Денеска ќе се изврши тестирање на родителите на двете деца.
Инаку, во тек е скрининг на сите вработени во штипската конфекција, каде што деновиве се шири коронавирусот, но и на работничките од другите две конфекции кои се превезувале во истиот автобус со заразените до своите работни места.