Најмногу од новозаболените се во Скопје -24, Штип-14 и Тетово-12
Во изминатото деноноќие регистрирани се 62 нови случаи на ковид-19, двајца пациенти починаа, а 17 лица оздравеле, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 септември“ почина 60 годишен пациент од Струга, којк во болницата е примен на 22 мај. Во денешната црна статистика е и случајот со 64-годишен пациент од Гостивар, кој бил примен и починал во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажал позитивен резултат.
Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Гостивар – 3, Куманово – 2 и по еден во Велес, Кочани и Валандово.
Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-5, Тетово-9 и по еден во Куманово, Битола и Гостивар.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид -19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 226, бројката на оздравени пациенти е 1 552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541. Последната дистрибуција по градови е следната:
• Скопје – 841, активни 267
• Куманово – 455, активни 45
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 76, активни 41
• Прилеп –211, активни 41
• Тетово – 210, активни 78
• Струга – 84, активни 14
• Велес – 130, активни 30
• Битола –28, активни 3
• Охрид –23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –26, активни 6
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 33, активни 2
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1
• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -2, активни 1
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 0
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1.
Во изминатите 24 часа направените се 771 теста: во ИЈЗ –447, ЦЈЗ Скопје- 15, „Авицена“ –27, „Биотек“ -92, „Филип Втори“ (Жан Митрев) –6, „Систина“ со PCR метода -70 и МАНУ -114.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот.
Во рамките на скринингот се направени вкупно 3 723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 29 575 тестирања на ковид -19.