Здравствените власти соопштија дека половина од заразените се во домашна изолација и не се хоспитализирани
Oсум лица починаа денеска како последица на коронавирусот во Италија, со што вкупниот број на жртви достигна 29, додека повеќе од илјада се заразени, соопштија италијанските власти.
Само во последните 24 часа, бројот на заразените е зголемен за 240 случаи. Според директорот на Агенцијата за цивилна заштита Анџело Борели, додега вкупно во земјата се потврдени 1 128 случаи на вирусот со медицинско име ковид-19.
Здравствените власти соопштија дека половина од заразените се во домашна изолација и не се хоспитализирани.
Министерот за здравство Венко Филиче дека изјави дека разговарал со нашиот генерален конзул во Венеција, кој му кажал дека нема информации за македонски државјани заразени со коронавирус или задржани во изолација во овој дел од земјата.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека Кина, каде првпат се појави вирусот во изминатите 24 часа пријавила помал број нови случаи на заразени со коронавирус отколку во претходниот месец.
Надвор од Кина досега се регистрирани 4.351 случај на новиот вирус и тоа во 49 земји, а починати се 67 лица. За 24-те нови случаи на коронавирус заклучено е дека биле пренесени од Италија во 14 други земји, додека 97 случаи биле пренесени од Иран во 11 земји од светот.
*Поврзана вест
Шести заразен со коронавирус во Хрватска, препорака до граѓаните да не се ракуваат