Во Италија починаа рекордни 368 лица во последните 24 часа како последица на коронавирусот, јавува новинската агенција Франс прес.
Според податоците кои ги обработува веб-страницата „Ворлд о метерс“, во Италија досега со новиот вирус биле заразени 24 747 лица. Во моментов активни заразени случаи со коронавирус има 20 603 лица, 2 335 лица оздравеле, а 1 672 лица се водат дека се во критична состојба. Вкупно починати се 1 809 лица од кои 368 во последниве 24 часа.