Во Италија биле заразени со ковид-19 милион и половина од граѓаните, што е за шестпати повеќе од официјалната бројка на регистрирани случаи, пишува Ројтерс.
Зголемениот број е откриен по резултатите од тестирањето на антитела кое го спроведувале агенцијата Истат и Министерството за здравство. Во него биле опфатени 64 660 лица од сите делови на земјата.
Според официјалните податоци на италијанското министерство за здравство, регистрирани биле 248 229 случаи на новиот коронавирус, а од нив починале 35 166 лица.
Во текот на истражувањето и тестирањето на антитела забележани се големи регионални разлики во бројот на заразени. Во регионот Ломбардија, каде епидемијата изби во почетокот на февруари, на антитела биле позитивни 7,5 отсто од жителите, додека пак на Сицилија само 0,3 отсто од жителите имале антитела.
Според истражувањето, речиси 30 отсто од позитивните на антитела никогаш немале ниту еден од симптомите за ковид-19, и поради тоа се смета дека вирусот пребрзо се ширел во земјата.