Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се 61 нов случај на ковид-19. со тоа во земјата има вкупно 586 активни случаи.
Од активните случаи 121 пациент се на болничко лекување, а од нив осум се на респираторна машина. Во последното деноноќие нема починати пациенти.
Од 25 февруари, кога во Хрватска беше забележан првиот случај на ковид-19 па до денеска регистрирани се 5 604 лица со новиот коронавирус, од нив 157 починаа, а 4 861 оздравеа.
Според хрватските меидуми, вкупно 2 008 лица се во самоизолација. Од почетокот на епидемијата се тестирани 128 132 лица, а 727 тестови се направи во изминатите 24 часа.