Сега се прават подетални тестови за да се утврди дали некој од нив е заразен со новиот вид на коронавирус – омикрон
Холандското Министерство за здравство соопшти дека од 600 патници кои во петокот пристигнале во Амстердам со два лета од Јужна Африка, 61 биле позитивни на коронавирус и сега се прават подетални тестови за да се утврди дали некој од нив е заразен со новиот вид на коронавирус – омикрон.
Околу 600 патници пристигнаа на аеродромот Шипхол во Амстердам со два лета на „КЛМ“во петокот, а потоа се соочија со часови доцнење и тестирање поради загриженоста за новата варијанта на вирусот.
Холандското министерство рано утринава соопшти дека 61 тест се позитивни и дека сите мора да одат во карантин.
Белгија е првата европска земја која го потврди првиот случај на новиот јужноафрикански сој на коронавирусот. Се работи за млада девојка која не е вакцинирана, а чии симптоми биле налик на грип. Првите симптоми ги развила 11 дена откако патувала во Египет, преку Турција.