Органите за спроведување на законот откриле 436 случаи на воени злосторства за време на руската окупација. Откриени се 11 места за притвор, вклучително и четири каде што биле мачени приведените лица
Во неодамна ослободениот украински регион Херсон, истражителите открија 63 тела со знаци на тортура откако руските сили ја напуштија областа, изјави утрово украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски.
„Сега се откриени 63 тела во регионот Херсон, но мораме да разбереме дека потрагата само што започна, ќе бидат откриени уште многу затвори и гробни места“,
изјавил Монастирски.
Тој рече дека органите за спроведување на законот откриле 436 случаи на воени злосторства за време на руската окупација. Откриени се 11 места за притвор, вклучително и четири каде што биле мачени приведените лица.
„Истражителите во моментов ги испитуваат и го снимаат секој случај на тортура. Телата на убиените исто така се ексхумираат“,
изјави Монастирски.
Андриј Коваленко, обвинител во регионалното обвинителство во Херсон, изјави за „Њујорк тајмс“ дека се собрани докази дека Русите привеле 800 луѓе во регионот.
„Најчестите облици на малтретирање на затворениците биле електрични шокови, тепање со пластични или гумени палки и задушување со прицврстување на цревото за дишење на гас-маската поставена на главите на затворениците“,
рече тој.
Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE