Температурата на воздухот денеска во Гевгелија се искачи на 42 степени, а во Демир Капија се регистрирани 40 степени Целзиусови. Високи температури имало во сите градови, така според мерењата на УХМР во Охрид и Берово максималната температура била 34, Претор 35, Крива Паланка, Битола и Прилеп 36, Тетово 37, Скопје Петровец, Штип и Виница 38, Скопје Зајчев Рид и Струмица 39.
Времето во целта земја беше сончево и многу топло, во западните и крајните и источни делови со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец.
Предупредување за високите тепмератури испратија и од УХМР, како и од Министерството за здравство, барајќи граѓаните да останат во затворени и климатизирани простории, како и да носат лесна и светла облека.
Намалување на температурата метеролозите најавуваат од утре кога ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.