Во Франција, за 24 часа, се регистрирани над 3 000 нови случаи на заразени со коронавирус, јави МИА од Париз.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 3 015 новозаразени, што е нешто помалку во споредба со саботата кога беа регистрирани рекордни 3 310 нови случаи за едно деноноќие.
Бројот на пациентите на интензивна нега или реанимација во моментов е 376 лица, а вкупниот број на починати досега од ковид-19 во оваа земја е 30 410 лица.
Според Министерството за здравство дневно се прават околу 100 000 теста за што повеќе не е потребен лекарски упат, туку тие сега се покриени и од здравственото осигурување.
Владата најави и промена на санитарните мерки за да се наметне како задолжително носењето на маска и на работните места.