Вкупно 26 килограми на марихуана се запленети во Драч, Албанија, а истата била преработена во форма на чоколадо, јавува МИА.
Албанската полиција ја открила марихуаната при вторатата контрола на автобус кој сообраќал на релација Драч- Италија.
Уапсени се три лица, двајцата возачи на автобусот, жители на Пермет и на Тирана и управителот на транспортната фирма, жител на Драч, на вораст од 31, 49 и 59 години.
Освен марихуаната, како доказен материјал запленето е возилото и шест мобилни телефони.
Случајот е предаден на обвинителството во Драч а ќе одговараат за кривично дело „недозволена трговија со дрога“.