Министерството за внатрешни работи соопшти дека во месноста Орман, атар на дебарското село Спас, во непосредна близина на границата со Република Албанија, полицијата пронашла повеќе парцели засадени со канабис сатива.
„Притоа, на парцелите биле засадени околу 500 стебла, од кои на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу половина милион евра, како и безжични камери и пумпа за третирање на растенија. По насока на Јавен обвинител, дел од стеблата се одземени и предадени за вештачење, додека останатите стебла се уништени. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“,
велат од МВР.