Според градоначалникот Дука, посебно загрижува тоа што новозаболените се млади лица, на возраст од 20 до 30 години
Алармантна е епидемиолошката состојба во Дебар, оцени денеска Хекуран Дука, градоначалникот на Општината во која беше прогласена кризна состојба уште во почетокот на епидемијата, по што долго време немаше нови ниту активни случаи на ковид-19.
Дука, на денешната прес-конференција, по состанокот со општинскиот Оперативен штаб со кој раководи, предупреди дека повторно се зголемува бројката на инфицирани на територијата на општината.
„Состојбата со ковид-19 ја оценивме како алармантна затоа што имаме голем број на инфицирани, а, според проценките на надлежните, се очекува да има и други случаи. Од 5 овој месец до вчера регистрирани се 12 новозаразени. Од нив првозаразениот е веќе излекуван, еден болнички се лекува во болницата ‘8 Септември’ во Скопје, додека 10 се лекуваат во домашни услови. Во самоизолација се осумдесетина лица“,
рече Дука.
Она што посебно загрижува, додаде тој, е што новозаразените се млади лица, на возраст од 20 до 30 години, пренесува МИА.
Посочи дека се очекуваат резултати од 40 земени брисеви, како и за еден вработен од детската градинка, каде од 69 земени брисеви, а 68 се негативни.
„Зголемување на бројот на новозаразените, според нашата оценка, е резултат на олеснувањето на рестриктивните мерки, непочитувањето на протоколите за работа, посебно во кафулињата и рестораните, движењето по маркетите, како и во други институции, особено во банките, поштата… каде што се забележуваат големи групи на граѓани. Доколку не се почитуваат препораките за заштита тогаш кај нас се очекува зголемен број на новозаразени“, .
рече Дука
Додаде дека Општата болница е подготвена за прием на евентуално нови болни и дека од Министерството за здравство е доставен апарат за кислород, како и 20 кревети.
„Безбедносната состојба е мирна. Единствено не загрижуваат неофицијалните информации дека лицата кои треба да се во самоизолација или оние на кои им се земени тестови за ковид-19 или се веќе потврдени слободно се шетаат низ градот. Апелирам до сите строго да ги почитуваат препораките зашто успешноста на битката со коронавирусот зависи од совесноста на нас самите“,
рече Дука.
