Бугарските здравствени власт велат дека нема простор за паника затоа што пациентите биле откриени во фаза на опоравување од инфекцијата
Во Бугарија се регистрирани првите случаи на новиот коронавирус – во Плевен и во Габрово, соопшти синоќа на полноќ Националниот оперативен штаб.
Како што јави БГНЕС, првите пациенти се 27-годишен маж во Плевен и 75-годишна жена во Габрово. Тие се хоспитализирани во своите градови и се во добра здравствена состојба. Веднаш почнало испитувањето на лицата кои биле во контакт со инфицираните.
БГНЕС претпладнево јави дека од испитаните 24 примероци во Плевен, во болницата во одделот за белодробни заболувања, се покажал уште еден случај за коронавирус, кај маж од 61 година, пациент со белодробна болест во тешка форма.
Во Габрово, од 76 изработени примероци, има еден примерок од лице кое е медицински персонал – исто така жена.
Здравствените власти во Бугарија, како што пренесува БГНЕС, предлагаат забрана за собири во затворен простор, но велат дека нема простор за паника, затоа што пациентите биле откриени во фазата на опоравување – дури и 75-годишната жена.