За функцијата градоначалник на Брвеница во трка се шестмина кандидати на четири политички блока и двајца независни кандидати

Во полошката општина Брвеница утре се одржуваат предвремени избори на кои жителите ќе гласаат за избор на нов градоначалник откако на 23 јуни годинава почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски, на 58-годишна возраст.
Според информациите на Државната изборна комисија (ДИК), денеска ќе гласаат 88 болни и изнемоштени лица.
За функцијата градоначалник на Брвеница во трка се шестмина кандидати на четири политички блока и двајца независни кандидати.
Во избирачкиот список во десетте населени места во Брвеница се запишани 16 256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи.
Изборачките места ќе бидат отворени утре во седум часот и ќе се гласа до 19 часот.
