Гласале 7 902 избирачи, односно 330 повеќе отколку во целиот прв круг, кога на гласање излегле 7 572 граѓани

Излезеноста во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница до 17 часот изнесува 48,64 отсто, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Гласале 7 902 избирачи, според податоците од сите 24 избирачки места.
Со тоа, веќе е надмината вкупната излезеност од првиот круг, кога гласале 7 572 граѓани, односно 46,58 отсто од запишаните избирачи.
До 17 часот денеска гласале 330 избирачи повеќе отколку во целиот прв круг, а излезноста е повисока за 2,06 процентни поени.
Гласањето трае до 19 часот.
