Тема се актуелните случувања поврзани со банкарскиот сектор и супервизорските активности на Народната банка

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески има вонредна прес-конференција на која тема се актуелните случувања поврзани со банкарскиот сектор и супервизорските активности на Народната банка.
Прес-конференцијата на Славески доаѓа откако вчера Народната банка на Србија и ја одзеде лиценцата за работа на Алта банка АД Белград, која е мнозински сопственик на Алта банка Битола. Сопственикот на Алта банка во Србија, Давор Мацура, е дел од управувачката структура на двете банки – српската и македонската.
На следниот линк може да ја проследите прес-конференцијата во живо.
