Во Велика Британија овој месец почнува тестирањето на вакцина за коронавирусот врз луѓе која ја направи италијанската фармацевтска компанија Адвент-Ирбм во соработка со Институтот Џенер, кој е дел Универзитетот Оксфорд.
Тестирањето на вакцината ќе се спроведе врз 550 здрави луѓе.
Од италијанската компанија објавија дека очекуваат вакцината да биде готова веќе во септември, а први бесплатно би ја добиле здравствените работници и безбедносните сили.
Првиот човек на Адвент-Ирбм Пиеро ди Лоронцо изјави дека одлучиле веднаш да преминат на тестирање на луѓе, бидејќи ефикасноста и нетоксичноста на вакцината веќе поминала преку ефикасни лабораториски тестирање.
Според ди Лоронцо, тие веќе разговарале со повеќе инвеститори и влади кои изразиле подготвеност да го помогнат развојот на вакцината.
Инаку, италијанската компанија веќе има развиено вакцина против ебола од која имаат продадено неколку милиони дози.