Во болниците во земјава каде се третираат пациенти со ковид-19 хоспитализирани се вкупно 306 пациенти.
Според информациите од Министерството за здравство, најмногу од нив се на Инфективната клиника – 71 пациент. Во изминатите 24 часа на Инфективна се примени 6 пациенти. На кислородна поддршка се 41, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“, пак, во изминатото деноноќие примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Козле, пак, се сместени 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 позитивни деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Надвор од Скопје, најмногу пациенти има во штипската болница – 49. Во болницата во Битола, пак, се хоспитализирани 12.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 108, позитивни и сомнителни на ковид-19.