На Инфективната клиника во Скопје од вчера се примени 5 нови пациенти, со што вкупно таму се лекуваат 68 лица, од кои 20 се во потешка состојба, а 7 се во критична и се приклучени на респираторна машина.
Меѓу нив се и мајката и 4-месечното бебе од Кочани, кои се во стабилна состојба, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција на која ги соопшти податоците за состојбата со новозаболени и починати во изминатите 24 часа во земјава.
Поврзана вест: Нови 46 заразени во Македонија, од нив 13 во Куманово и 8 во Прилеп
За четири пациенти од Клиниката се чека вториот контролен тест, откако првиот покажал дека се негативни и тие, најверојатно, ќе бидат пуштени дома како излекувани.
Во болницата „8 Септември“ има 25 пациенти со ковид-19, од кои 5 се во тешка состојба и се на интензивна нега приклучени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се наоѓаат 4 пациенти, од кои тројца се во стабилна состојба, а еден е на кислородна поддршка.
Во штипската болница има 4 пациенти кои се во стабилна состојба со лесна форма на болеста.
Од пациентите што се на домашно лекување, кај двајца контролните тестови покажале негативни резултати.