Четиримесечно бебе позитивно на коронавирус и неговата мајка се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Бебето е со полесна клиничка слика, во добра здравствена состојба и нема потреба за респираторна поддршка.
Филипче рече дека дополнително ќе информира како бебето се заразило.
„Ќе направиме увид во епидемиолошката анкета. Но, она што е сега важно дека бебето е во добра состојба. Ќе се консултира и педијатар и ќе се следи неговата имунолошка состојба во следните неколку месеци бидејќи тоа е битно и за редовната вакцинација“, додаде Филипче.
*Поврзани вести: