Во болничките капацитети во земјава се лкуваат вкупно 302 пациенти кои се позитивни на ковид-19, а во болницата во Козле примени се и две деца и две мајки кои се суспектни на вирусот. Во истата болница потврдени случаи на ковид-19 има едно дете и две мајки.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четир пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка е 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се четворица пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 129, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Според последните податоци на Инстисусот за јавно здравје, во земјава досега регистрирани се 15 414 повитивни на новиот коронавирус, а бројката на оздравени пациенти е 12 896. Со болеста починаа вкупно 637 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1 881.
Повеќе детали за денешната состојба со ковид-19 прочитајте тука.