Сообраќајните несреќи се чести во Западна Африка, каде што јавниот транспорт е често пренатрупан и слабо регулиран
Најмалку 31 лице загинаа во автобуска несреќа во западниот дел на Мали во близина на градот Кениеба, соопшти Министерството за транспорт.
Несреќата се случила кога автобус на пат кон Буркина Фасо паднал од мост во реката.
„Веројатна причина за несреќата е губење контрола над возилото од страна на возачот“,
се наведува во соопштението.
Меѓу жртвите има државјани на Мали и други земји од западноафриканскиот подрегион.
Сообраќајните несреќи се чести во Западна Африка, каде што јавниот транспорт е често пренатрупан и слабо регулиран.
Според податоците на ОН за 2023 година, од сите сообраќајни жртви во светот, околу една четвртина загинале во Африка, на која отпаѓаат само два отсто од сите возила во светот.