Во последното деноноќие во Албанија повторно е регистрирана висока бројка на новозаразени со ковид-19. Од направените тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 136, при што најголем број од новозаразените или 66 се од Тирана, останите се речиси од целата територија на земјата, објави МИА.
Во исто време битката со коронависот ја добиле 74 граѓани, додека ја згубиле шестмина, меѓу кои и еден од најпознатите скулптори и универзитетски професор Арбен Бајо (53), информираат од Министерството за здравство и социјална заштита.
Со последните 561, досега направени се 45 942 теста, ковид-дијагностивирани се 6 411, оздравеле 3 342, починале 199, додека активни на болеста се 2 870.
Поголемиот процент од болните се лекуваат амбулантски или во домашни услови, додека 122 се хоспитализирани во двете болници ковид, каде 21 пациент е во тешка здравствена состојба.
Албанската опозиција и денеска обвини дека нема транспарентност во врска состојбата во земјата, посочувајќи го како пример градот Елбасан и тврдејќи дека во земјата има епидемиолошка катастрофа.
„Состојбата во Елбасан е катастрофална, каде речиси цел здравствен персонал е позитивен на ковид-19. Нема карантин, ниту тестови за оние кои имале контакт со заболените. Сето тоа е негрижа на Владата и Министерството. Рама и Манастирлиу зборуваат од морскиот брег“,
обвини демократот Луциано Боци.