Извршен е претрес на повеќе од 50 локации и уапсени се 17 членови на организираната криминална група „Врачарци“, кои работеле по наредба на кавачкиот клан, соопштуваат српските медиуми
Во координирана акција на српското Министерство за внатрешни работи и на Безбедоносно информативната агенцција (БИА) во Белград утрово е уапсена група од 17 лица.
Извршен е претрес на повеќе од 50 локации и уапсени се 17 членови на организираната криминална група „Врачарци“, кои работеле по наредба на кавачкиот клан, соопштуваат српските медиуми.
Тие се товарат за три убиства и пет тешки убиства во обид. Постапувале по наредба на кавачкиот клан, а некои членови на „Врачарци“ претходниот период биле уапсени во странство.
Одземени се повеќе оружја, шифрирани телефони.
Се уште се трага по дел од членовите на организираната криминална група.
Групата „Врачарци“ ја предводат Никола Вушовиќ, попознат како Џони од Врачар, Урош Пиперски и Марио Ѓорѓевиќ.
Акцијата за апсење ја води министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.