Македонија е во рецесија, а власта вработува партиски војници, реагира ВМРО-ДПМНЕ, откако Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за прием на 600 полицајци.
„Ветувањето за помала администрација во предизборна кампања кое што го даваше Зоран Заев бргу го заборави власта. И по изборите се воведе принципот вработи го секој лепач на плакати на грбот на народот. Доказ дека СДСМ ја полни државната администрација со партиски војници е огласот на МВР…Кога Спасовски вели ќе вработиме 600 полицајци тоа се 600 партиски војници на грбот на народот“,
стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според МВР, огласот е согласно организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција. Новите вработувања се планирани за сектори на ресорното министерство во повеќе градови.
