Гордана Јанкулоска е жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Заев, се вели во писмената реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по денешното спроведување на некогашбата висока функционерка од од оваа партија на издржување на затворкста каазна за набаавката на мерцедесот.
„Јанкулоска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија и во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување на нови службени возила. Јанкулоска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата“,
се вели во соопштението, во кое се посочува дека власта се осветува кон мајка, сопруга и професионалец кој со години и служел на државата.
„Забавата на Заев со човечки судбини нанесува зло и штета на државата. Денес треба да се збори за Јанкуловска во состојба кога имаме 40 илјади невработени на улица или кога имаме колапс на образовниот систем. Заев има потреба да се плаши единствено од правдата која ќе го стигне по падот на мафијата на власт“,
реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Јанкулоска денеска попладне е спроведена во затворот Идризово на издржување на затворската казна од 4 години во случајот познат како „Тенк“, откако до Кривичниот суд стигнала пресудата од Врховниот суд.