Брисевите за ковид во Струмица се земаат во просторија која е сместена во станбена зграда во која живеат луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив тоа е единствениот пункт кадешто се земаат брисевите во овој град и велат дека тоа што тие се прават во станбена зграда е потенцијална опасност за оние кои живеат во зградата, бидејќи секојдневно доаѓале во контакт со лице кои се потенцијални носители на ковид-19.
„Во зградата има 8 станови чии влез е на само неколку метри од влезот на пунктот. Станарите од зградата, како и околните куќи како и таксистите кои се лоцирани тука реагираат бидејќи надвор секојдневно чекаат луѓе за брисови кои се потенцијални носители на вирусот, особен што доаѓаат пациенти за контролни брисеви кои се позитивни на вирусот. Иако влезот на пунктот каде што се земаат брисевите е од надвор, станарите на зградата со број 39 на улица Димитар Влахов се загрижени, бидејќи како што велат луѓето доаѓаат во контакт со пациентите кога поминуваат тука, некогаш го грешат влезот, а често седат и на скалите на самиот влез“,
вели Јадранка Поцкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа смета дека потребно е да се најде друга локација каде ќе се земаат брисевите или пунктот да биде сместен во здравствена институција, со цел да не се ставаат во ризик станарите.
„Ова е недозволиво, срамно и неодговорно. ВМРО-ДПМНЕ застанува зад безбедноста на граѓаните кои живеат во оваа околина и кои се изложени за ризици заради неспособноста на власта. Итно бараме, министерот за здравство Филипче и поранешниот градоначалник на Струмица Заев да изнајдат нова и соодветна локација за оваа намена. Ние ќе доаѓаме и следните денови тука до целосно решавање на проблемот ќе доаѓаме да ги потсетуваме надлежните дека овој проблем кој што го имаат граѓаните мора да се реши“,
рече Поцкова.