Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека со ребалансот на Буџетот се предлага нова давачка за дизел горивата што трајно ќе ја зголеми цената на дизелот.
Данокот за ова гориво, обвинува има за цел да се покријат дуплите во државната каса кои ги прави власти.
„Заев со ребалансот на буџетот предлага воведување на нова давачка за дизел горивата од 4 денари. Тоа се 4 нови денари, кои трајно ќе ја зголемат цената на дизелот. Народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Заев ја втурна државата во долгови, а данокот на дизелот има за цел покривање на долговите и дупката во буџетот која ја направи Заев. Државата тоне во долгови, затоа што парите наместо да се трошат за капитални инвестиции, се трошеа за тендери за набавка на непотребни работи, или со преплаќање на потребни ствари. Народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Рашковски со државни пари си го купувал сопствениот патент, затоа што Ден Дончев трпаше туциња пари во торба, затоа што преку тендери се набавуваа противпожарни возила со скали двојно поскапи од тоа што плаќале државите од регионот“,
вели ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека годишно со новиот данок за дизелот ќе се собираат 54 милиони евра. Досега, ВМРО-ДПМНЕ критикуваше и дека ребалансот е направен со цел да има предизборен поткуп.