Оттаму велат оти во првиот работен ден на новата влада очекувано е, покрај другото, да се помисли и на образованието
Предлог за продолжување на зимскиот распуст за две недели поради зголемениот број на новозаразени, упатија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ до новата влада на Димитар Ковачевски, која денеска официјално стапи на функција.
„Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици. Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата влада ѝ предлагаме продолжување на зимскиот распуст за две недели“,
соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат оти во првиот работен ден на новата влада очекувано е покрај другото да се помисли и на образованието.
Како што додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето.