На СДСМ не му е важно дали граѓаните имаат пари да ги плаќаат покачените сметки за струја и дали на тој начин ќе да се загрози нивната егзистенција, се наведува во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека граѓаните се против покачувањето на цената на струјата, бидејќи тоа е огромен удар врз нивниот џеб и домашен буџет, во услови на пандемија, кога голем број ги загубија своите работни места.
„Тоа Заев не го интересира. СДСМ не реагира и продолжува со својата политика на грабање се што може да се грабне, се додека се полни буџетот на фирмите од кои утре ќе треба да земаат тендери фирмите на Заеви. РЕК Битола и АД ЕЛЕМ три години се користат како средство за богатење на Заеви и фирми блиски до нив, кои испумпаа милиони преку јавни набавки. Доколку СДСМ се поставеше домаќински, овие фирми немаше да ја почувствуваат загубата причинета поради пандемијата, но тоа ќе значеше помалку тендери за нивни блиски фирми, работа, од која очигледно не можеа да се откажат. Тоа ќе значеше и дека нема да можат да прават предизборен поткуп со над 1.000 вработувања.
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, сметката за богатењето на поединци од власта и предизборниот поткуп стигна, а неа ќе треба да ја платат граѓаните. Од таму апелираат власта да ги примени нивните совети и да се откаже од покачувањето на струјата.