ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението од СДСМ во кое се вели дека приоритет ќе им биде правосудството. Од ВМРО-ДПМНЕ велат наместо СДСМ да праќа бледи и стерилни соопштенија да дадат одговори со кои партии ќе обезбедат парламентарно мнозинство и кој ќе биде премиер.
„На граѓаните преку глава им е од лагите на СДСМ. Граѓаните на Република Македонија знаат дека СДСМ нема да обезбеди подобра иднина. СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим. Лагите на Заев веќе не поминуваат, прочитани се. Заради тоа што Заев и власта беа фрлени на криминал Македонија секој ден тонеше се повеќе и повеќе. Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.