Мицкоски и Заев по вечерашната два и пол часовна средба кај претседателот Стево Пендаровски не успеаја да постигнат договор за датумот за изборите. Од Кабинетот на Претседателот соопштија дека лидерите единствено се согласиле да ја продолжат комуникацијата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев кај претседателот Пендаровски, барал гаранции за заштита на здравјето на граѓаните, посочил на потребата од кредибилен изборен процес со целосен увид во избирачкиот список и кредибилна мисија на ОБСЕ и ОДИХР, брифираат за „360 степени“ од најголемата опозициска партија.
Нашите извори велат дека Мицкоски инсистирал да се запазат уставните и законските норми во однос на изборите и воедно да не се лицитира со датум, позиција што партијата смета дека е неодговорна кон граѓаните во време на епедемија од ковид-19.
„ВМРО-ДПМНЕ е за компромис бидејќи тоа е добро за државата, но не и прифаќање на еднострани диктати кои генерираат дополнителни кризи“,
брифираат од опозициската партија.
Мицкоски и Заев по два ипол часовна средба кај претседателот Стево Пендаровски вечерва не успеаја да постигнат договор за датумот за изборите. Од Кабинетот на претседателот соопштија дека лидерите единствено се согласиле да ја продолжат комуникацијата.
*поврзана вест: СДСМ: Мицкоски не спомена ни „З“ од здравство и здравствена криза на лидерската