Зоран Заев и Нина Ангеловска вршат класичен предизборен поткуп со таканаречената платежна картичка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако министерката за финансии денеска соопшти дека стартува проектот за добивање на овие картички кои ќе опфатат околу 320 000 граѓани.
„Јавноста не знае по кој критериуми ќе бидат делени картичките, ниту кој ќе одлучува кој да добие кој не. Се остава широк простор за манипулација и класичен поткуп на граѓани пред избори. Наместо таканаречени социјални мерки Владата требаше реално да ги помогне стопанствениците и работниците со покривање на дел од плата како што предлагаше ВМРО-ДПМНЕ“,
велат од опозициската партија.
Тие велат Владата наместо на поткуп да се насочи кон санирање на штетите од кризата за фирмите и работниците.