Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката на шефот на државата Стево Пендаровски да го потпише указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија, 2021 година.
Од Кабинетот на претседателот Пендаровски информираа дека Законот за спроведување на пописот во април годинава наскоро ќе биде објавен во „Службен весник“ и ќе стапи во сила откако претседателот денеска стави потпис на регулативата што Собранието ја донесе минатата седмица.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Пендаровски знае оти овој попис ќе биде политичка, а не статистичка операција.
„Тој пред само еден месец бараше целосен консензус околу законот за попис и сега самиот тој се посипа со пепел. Знае Стево дека оваа криминална власт целосно ја игнорираше опозицијата при процесот на изготвување и носење на Законот за попис. Власта не прифати ниту еден амандман на опозиција, на брутален начин го злоупотреби европското знаменце, не сакаше да се воведат терминали за отпечаток на прст, а исто така знае Стево дека нема време да се спроведе овој попис“,
реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ како партија е за попис на населението и домаќинствата, но не на ваква политичка операција, како што велат, која нема да ги даде реалните резултати од овој процес. Тие порачаа дека одговорност за ова ќе понесат и премиерот Зоран Заев, но и претседателот Стево Пендаровски.
„Дали Стево Пендаровски како претседател на Македонија му е грижа за здравјето на граѓаните? Во време на кризна состојба заради епидемијата со ковид-19, Стево потпиша указ на Закон за попис. Па, нели беше загрижен Стево пред само неколку недели за здравјето на граѓаните. Гледа ли Стево Пендаровски дека десетици држави во Европа ја откажаа ова статистичка операција“,
додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
*Поврзани вести: