Неспособниот Филипче не само што доцни со мерки за пандемијата, доцни и со обична вакцина за грип која пак на граѓаните во ваков период на пандемија им е дополнително потребна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Од таму велат освен што се доцни со вакцините, нема ниту доволно дози и побараа Филипче да си поднесе оставка.
„Неспосoбниот Филипче не само што доцни со вакцинирањето, туку не успеа да набави и доволно вакцини за граѓаните. Неспособниот Филипче доцни со се! Неспособниот Филипче не доцни само кога се во прашање неговите интереси, неговите сметки. Кога неговите интереси се на дневен ред Филипче се прави на време. Кога интересите на граѓаните се на дневен ред Филипче не само што доцни, туку и се прави погрешно. Затоа неспособниот Филипче мора да замине! Оставка Филипче, веднаш!“,
се вели во партиското соопштение.
Инаку, откако почна вакцинацијата во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје за само неколку часа се потрошија околу 2 000 вакцини против сезонски грип.
Директорот на ЦЈЗ, Александар Стојанов рече дека очекува да бидат испорачани уште 2 000 вакцини, а кога ќе ги добијат рече дека зависи од дистрибутерот „Елбиор“.