Новоименуваниот директор на скопски Водовод, Марјан Митовски е член на управниот одбор на ЈП „Улици и патишта“, вели портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Одговарајќи на новинарско прашање, таа посочи дека е потребно директорот да биде разрешен за да се почитува Законот за спречување корупција и судир на интереси и дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за истово ќе поднесе претставка до надлежните институции.
„Согласно нашите сознанија, да точно е. Директорот Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“ и согласно законските прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите и потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како во Македонија, така и во службите на Градот Скопје, а за истово, како советничка група, ќе поднесеме и претставка“,
рече Митева.
