Од партијата на Христијан Мицкоски, кој инаку е предлагач на законот, велат дека предлог-законското решение е повлечено со цел исправање на номотехничка грешка и дека денеска ќе се најде на седница на Собранието
Неколку часа пред почетокот на седницата, која е закажана за 11 часот, на веб-страницата на Собранието, во делот на предлог-дневниот ред за денешната пленарна седница, стои дека материјалот за предлог-законското решение за измени во министерствата е повлечен
Неточна е веста дека Христијан Мицкоски го повлекол предлог-законот за реорганизација на министерствата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение откако дел од медиумите, повикувајќи се на објавата на веб-страницата на Собранието, објавија дека предложеното законско решение е повлечено од предлог-дневниот ред.

Од партијата на Мицкоски, кој инаку е предлагач на законот, велат дека предлог-законското решение е повлечено со цел исправање на номотехничка грешка и дека денеска ќе се најде на седница на Собранието.
„Законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка, по нејзиното коригирање, законот беше веднаш поднесен и денес ќе се најде на седница на Собранието. Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог-законското решение“,
се вели, меѓу другото, во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
На предлог-дневниот ред за денешната пленарна седница, меѓу другото, требаше да се најде предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка. Предлагач е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на нова влада, Христијан Мицкоски.
Неколку часа пред почетокот на седницата, која беше закажана за 11 часот, на веб-страницата на Собранието, во делот каде што е заведен предлог-дневниот ред за денешната пленарна седница, стои дека материјалот за предлог-законското решение за реорганизација на министерствата е повлечен.

Во прилог е објавено и известувањето што Христијан Мицкоски го доставил до собранискиот спикер Африм Гаши оти го повлекува предлог-законското решение. Известувањето е со вчерашен датум.

Измените на законот беа поднесени до Собранието завчера. По поднесувањето на законските измени, предлагачот Христијан Мицкоски ги повика сите пратеници да ги поддржат.