Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласат за потврдување на петте одлуки на претседателот Стево Пендаровски. Така било одлучено на денешната координација на пратеничката група на партијата, така што е извесно дека одлуките што шефот на државата ги донесе по предлог на техничката влада нема да бидат потврдени во овој собраниски состав, затоа што за тоа е потребно двотретинско мнозинство.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ брои 44 пратеници во парламентот, така што без нејзините пратеници е невозможно засега да се обезбедат 80 гласови. Пратеникот Антонијо Милошоски наброја три причини поради кои ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за одлуките на Пендаровски.
Затоа што тие биле донесени за справување со здравствената криза, а сега ситуацијата на тој план, според нив, е полоша, затоа што целта на овие одлуки била да се надминат економските последици од ковид-кризата, а сега економската ситуација е уште полоша, и затоа што техничката влада ја злоупотребила ситуацијата за да носи уредби со законска сила кои не биле неопходни.
*Поврзани вести: