Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста, реагира на денешната видео-сесија на Владата посветена на прашања поврзани со коронавирусот, на кои одговараа министрите за труд и социјална политика.
Од партијата го критикуваат апелот од Владата до граѓаните да не потпишуваат спогодбени откази бидејќи нема да можат да добијат државна парична помош. Обвинуваат дека со таква ситуација во моментов се соочуваат повеќе од 20 отсто од граѓаните, па побараа Владата да преземи мерки за да ги заштити.
Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш обвинија дека мерките за намалување на последиците од коронавирусот во економијата не се доволни, па ја повикаа Владата да ги прифати нивните предлози.
„Наместо владата на СДСМ да ги убедува граѓаните да не ги потпишуваат спогодбени договори, веднаш да ги преземе сите потребни механизми и да ја спречи оваа ситуација. Потребен е сериозен пристап и помош за заживување на економијата и стопанството. Доколку владата навистина сака да помогне и на стопанството и на граѓаните, тогаш без двоумење ќе ги прифати мерките кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предложи“,
стои во партиското соопштение.
Поврзани вести:
ВМРО-ДПМНЕ со свои мерки за угостителите: Прифатете ги за да спасиме работни места
Мицкоски: Да не е трагично, некој ќе каже дека Владата се шегува со мерките за стопанството