„Во 2018 година фирмата добила седум тендери од Општина Карпош во вредност од над 9,5 милиони денари, додека во 2019 година од општините Карпош и Аеродром добила пет тендери вредни над 10 милиони денари. Во 2020 се приклучува и општина Кисела Вода во доделувањето тендери на истава фирма која од веќе постојаните Аеродром и Карпош, добила вкупно осум тендери во вредност од над 50 милиони денари. Во 2021 година овие три општини под раководство на кадри на СДС и доделиле уште шест во вкупна вредност од околу 47 милиони денари“, се вели во реакцијата на владејачката партија
Фирмата „Мастеф“ во периодот од 2018 до 2021 година добивала тендери и од општини раководени од кадри на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ). Ова е денешната реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за наводите што денеска на прес-конференција ги изнесе Јон Фрчкоски, член на извршниот одбор на СДСМ дека фирмата „Мастеф“, блиска до власта, добила 93 тендери во вкупна вредност од 18,3 милиони евра од институции на централно и на општинско ниво.

Од партијата велат дека СДСМ селективно ги претставува фактите и дека јавноста треба да биде информирана за сите договори што фирмата ги добила во изминатите години.
„Фирмата ‘Мастеф‘ ДООЕЛ Скопје за којашто денес зборуваше СДС, очигледно била една од најомилени фирми на нивните поранешни градоначалници, само тоа на прес-конференцијата заборавија да го кажат. Така во периодот на власт на СДС со голем дел од македонските општини оваа фирма била една од ретките која добивала најмногу тендери, особено од скопските општини“,
се вели во реакцијата.
Според партијата, во периодот од 2018 до 2021 година, оваа фирма добила повеќе тендери во милионски износи од општините Карпош, Кисела Вода и Аеродром сите раководени од градоначалници кадри на СДСМ.
„Во 2018 година фирмата добила седум тендери од Општина Карпош во вредност од над 9,5 милиони денари, додека во 2019 година од општините Карпош и Аеродром добила пет тендери вредни над 10 милиони денари. Во 2020 се приклучува и општина Кисела Вода во доделувањето тендери на истава фирма која од веќе постојаните Аеродром и Карпош, добила вкупно осум тендери во вредност од над 50 милиони денари. Во 2021 година овие три општини под раководство на кадри на СДС и доделиле уште шест во вкупна вредност од околу 47 милиони денари“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму го повикаа, како што го нарекуваат, таканаречениот Антикорупциски тим на СДСМ да го прошири опсегот на анализата и да ги провери сите тендери што фирмата ги добила од институции раководени од нивни партиски кадри.
„Што се однесува до јавните набавки за коишто зборуваат, ги потсетуваме дека е сè согласно закон и избрани се најповолните понуди како што предвидува законот“,
се додова во партиската реакција.
Од партијата презентираа податоци за периодот од 2018 до 2021 година, со кои како што велат се потврдува дека фирмата „Мастеф“ добила повеќе тендери во милионски износи од општините Карпош, Кисела Вода и Аеродром.
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција презентираше нови наводи за скандал поврзан, како што рече, со фирма блиска до власта која добила тендери од институции на централно и на општинско ниво.
Фрчкоски објави дека фирмата „Мастеф ДООЕЛ“ добила 93 тендери во вкупна вредност од 18,3 милиони евра.
Посочи дека дека најголем дел од тендерите што ги добила оваа фирма се реализирани во Град Скопје, од кои последниот е поврзан со тендер за лунапаркот.
На прес-конференцијата тој објави документи за тоа од кои институции фирмата „Мастеф“ добила тендери. Од нив се гледа дека фирмата „Мастеф“ најмногу тендери добила од Град Скопје, но и од Министерството за спорт, како и општините Аеродром и Неготино.
