По најавената кандидатура на Димитар Ковачевски за нов лидер на социјалдемократите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека Ковачевски е човек кој треба да продолжи со погубните и криминални политики на СДСМ, и како што велат, да обезбеди заштита на семејството Заеви.
„Димитар Ковачевски е пиунот на Заев, и не е никаков нов кадар. Директорот на Заев, Ковачевски е решението за лидер на СДСМ уште пред да се оддржи конгресот, кој треба да биде фарса на која ќе се одглуми некаков избор. Ковачевски е машата на Заев која треба да продолжи со Заевизмот. Сите нив народот ќе ги порази на предвремените парламентарни избори“,
се вели во соопштението.