Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека граѓаните кои се обраќаат до партијата бараат да се спроведе скрининг на населението по примерот на држави кои веќе ги направиле тоа.
„Граѓаните кои се обратија до ВМРО-ДПМНЕ сугерираат и апелираат до власта дека мора да се спроведе масовно тестирање за коронавирусот, таканаречен скрининг. Многу држави во соседството и пошироко го прават токму ова. Словенија го употреби овој метод за сега да ги олабавува мерките за превенција на ширење на опасниот коронавирус. Поблагите мерки за заштита позитивно влијаат на економската состојба во државата. Македонија е пред економски колапс, велат тие, илјадници граѓани веќе останаа без приход и работа“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека граѓаните кои им се обратиле бараат и широка употреба на маски и ракавици и тие да му се доделат на секое семејство, а нивната употреба да стане задолжителна за сите, како што е случај во Чешка, Хонгконг и Јужна Кореја.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ваквите предлози ги добила во рамки на иницијативата за комуникација со граѓаните „Вашите проблеми, заеднички решенија – Ја сакам Македонија“ и ги повикуваат граѓаните да им испраќаат уште предлози и сугестии.