ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот врз новинарот и уредник на „Лидер“, Љупчо Златев, кој се случил вчеравечер во еден скопски локал.
„Најжестоко го осудуваме нападот врз новинарот Љупчо Златев, кој е последица на неговата новинарска работа и пишан збор. Физичкиот напад врз новинар е брутално газење на демократија и слободата во земјата, кој е последица на криминално политичко подземје. Бараме институциите во најбрз можен рок да го расчистат случајот и да ги казнат сторителите. Слободата на изразување е уставно загарантирано начело и не смее да биде загрозено од никого. Власта е должна да спроведе ефикасно владеење на правото.Насилството врз новинарите не смее да остане неказнето, зошто така станува пракса“,
се вели во партиското соопштение.