Според опозициската партија, шефот на државата учествува во носење одлука за брзи избори, без меѓународни набљудувачи
ВМРО-ДПМНЕ го нападна претседателот Стево Пендаровски дека очествува во донесување одлука за брзи избори, на штета на здравјето на граѓаните и без меѓународен мониторинг.
Забележително е дека во последно време низ претседателот Пендаровски, зборува претседателот на СДСМ, Зоран Заев. И сето ова резултира со салто мортале, со кое Пендаровски, со цел да му удоволи на Заев, себе си одлучи да се посипа со пепел.
„Стево Пендаровски самиот изјави на 15 мај дека не ни помислува како институција да учествува во избори кои нема да бидат набљудувани од ОБСЕ и ОДИХР. Неколку недели подоцна тој, како претседател, активно учествува во носење на одлука за брзи избори на директна штета на здравјето на граѓаните, а се со цел да му удоволи на Заев. Избори без набљудувачка мисија се избори за фалсификат на Заев“,
коментираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ, откако на синоќешната средба Заев – Мицкоски не беше постигнат договор за изборниот датум.