Според портпаролката Митева, партијата е подготвена да разговара и за промени во Изборниот законик и да ги слушне барањата на помалите политички партии за една изборна единица
ВМРО-ДПМНЕ би одела на предвремени парламентарни избори и без да се формира техничка влада сто дена пред тоа и би прифатила една изборна единица, како барање на помалите политички партии, според портпаролката на главната опозициска партија, Марија Митева.
„Единствената заложба на ВМРО-ДПМНЕ е да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните и државата да излезе од четирите кризи во кои се наоѓаме во моментов, а причина за тоа се СДСМ и ДУИ“,
изјави Митева одговарајќи на новинарско прашање при денешната прес конференција.
Таа вели дека доколку техничката влада им е проблем на СДСМ и на ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвена на предвремени избори и без техничка влада, но и со една изборна единица ,доколку тоа им одговара на помалите политички партии.
„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара за промени во Изборниот законик и да ги слушне барањата на помалите политички партии за една изборна единица и доколку тоа е проблем за СДСМ и ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати предвремени парламентарни избори без техничка влада и со една изборна единица“,
нагласи Митева.